Послабо не е поубаво: Славни глумици кои заради диетата морале да одат на ригорозни диети

22 септември, 20220
62379175-mila-kunis-crni-labud-mrsavljenje

За да ги добијат посакуваните улоги во холивудските филмови, некои познати актерки морале да подлежат на ригорозни диети. Иако биле под медицински надзор, јаделе мали количини храна што резултирало со драматична промена во изгледот.

Натали Портман и Мила Кунис мораа да ослабат 10 килограми за да ги прикажат балерините што е можно посликовито во филмот „Црниот лебед“ во режија на Дарен Аронофски од 2010 година.

За да ја постигнат оваа загуба на нивните ситни фигури, тие мораа да подлежат на ригорозна диета околу шест месеци. Тие вежбале балетска кореографија и до осум часа дневно, а внесувале само 1.200 калории дневно.

„Би се погледнала во огледало и веднаш би видела зошто оваа индустрија е толку зезната. Немав облини, се гледаше само коски“, им открила на медиумите Мила Кунис, која за време на снимањето имала само 43 килограми.

Улогата на балерината Доминика Егорова која станува меѓународна шпионка во филмот „Црвениот врабец“ ја принуди и оскаровката Џенифер Лоренс да оди на диета.

„Не можев да играм поранешна балерина, а да не се чувствувам како поранешна балерина“, објаснила актерката за Vanity Fair, посочувајќи дека постојано била гладна и незадоволна.

Не само што го намалила внесот на калории, туку и шест месеци тренирала шест дена во неделата по три часа со тренери за да се подготви за оваа улога.

Ен Хатавеј мораше да ослабе осум килограми за улогата на прегладнетата Фантин во мјузиклот „Les Miserables“, додека Мишел Фајфер реши да ослабе за да биде убедлива како зависничката од кокаин Елвира во филмот „Scarface“ во режија на Брајан де Палма.

Лили Колинс, пак, драматично ослабе за улогата на девојка која боледува од анорексија во филмот „To the Bone“ од 2017 година. Таа сакаше да биде што е можно поавтентична во оваа улога, со оглед на тоа што и самата се бореше со нарушувања во исхраната во нејзините помлади денови.

Погледнете ги неверојатните физички трансформации на познатите актерки во фотогалеријата:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit