Потребни ви се само три состојки: Oсвежувачки сладолед од грчки јогурт
19 јуни, 20220
Вистинско летно уживање
Состојки:
300 мл грчки јогурт
300 мл слатка павлака
250 мл кондензирано млеко
Подготовка:
Соединете ги сите состојки и мешајте со миксер неколку минути. Потоа се става во сад и се чува во замрзнувач најмалку 4 часа. Финтата за сладоледот да биде покремаст е да го мешате со шпатула на секој час.