Први реакции за серијата „Господар на прстените“: Фановите и странските медиуми поделени

3 септември, 20220
Screenshot_10

Долгоочекуваната серија претходник на „Господарот на прстените“, „Прстените на моќта“ (The Rings of Power), доби многу пофалба од телевизиските критичари, при што повеќето рецензии ги поздравија заплетот, визуелните елементи и кинематографијата на првите две епизоди.

 

 

 

Приказната ги следи настаните од втората доба на универзумот на Толкин – неколку илјади години пред настаните во филмовите и ковањето на прстените на моќта, кои му овозможиле на темниот господар Саурон да владее со поголемиот дел од Средната Земја.

 

Серијата, најскапата ТВ-програма на сите времиња (465 милиони долари само за првата сезона), е сместена илјадници години пред настаните од романите на Џ. Р. Р. Толкин и филмовите „Хобит“ и „Господарот на прстените“.

 

 

„Господарот на прстените: Прстените на моќта“, кој дебитира на стриминг-услугата „Амазон прајм“ на 2 септември, доби позитивна оценка од 84 отсто на веб-страницата „Ротен томатос“ меѓу 136 рецензии.

 

Ерик Кајн од „Форбс“, кој беше скептик, по првите две епизоди, стана верник.

 

„Она што го создадоа двата шоуранери Патрик Мекеј и Џеј Ди Пејн е неверојатно по обем и размери, со сурова убавина и величественост,“ напиша Кајн.

 

„Ова не е ништо помалку од ремек-дело“.

 

Многу колеги критичари го споделија тој ентузијазам со исклучок на неколку рецензенти, кои не беа импресионирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit