Први фотографии од Клои Кардашијан со синот: Детето се роди пред камери, а неверниот татко се појави дури подоцна

23 септември, 20220
kloi-kardasijan-khloe-kardashian01-830x0

Во породилиштето друштво ѝ правеше само нејзината сестра Ким

 

 

 

Клои Кардашијан им дозволи на камерите да го снимаат раѓањето на нејзиниот син, кој го доби со Тристан Томпсон со помош на сурогат мајка. Двојката претходно ја доби ќерката Тру, природно. Второто бебе го претстави на светот на самата премиера на „Кардашијан“ на „Хулу“, а очигледно, малку подоцна му се јавила на својот неверен поранешен да го запознае наследникот.

 

Во породилиштето, забележува „Дејли мејл“, придружувана била од нејзината сестра Ким, која неодамна објави „бројни хит-детали од семејната серија“ при посетата на Џејмс Корден. Таа објасни дека не сакале многу да откриваат со тизерите, но сигурна е дека нивната публика ќе биде прилично изненадена од тоа колку се отворени, емотивни, па дури и ранливи во новата сезона.

 

1663841464681-profimedia-0725174165-830x0
kloi-2-830x0
kloi-3-830x0
kloi-4-830x0
profimedia-0725174280-830x0
profimedia-0725174289-830x0

 

Во премиерата на серијата завршија и снимките од породувањето на сурогат мајката. Детето е родено на 28 јули годинава во центарот „Cedars-Sinai“ во Лос Анџелес. Исто така беше прикажано како бебето првпат го држи мајка му Клои. Во текот на месецот кога се роди детето, фановите беа во шок бидејќи се шпекулираше дека Кардашијан чека уште едно дете со неверниот поранешен.

 

Половина година порано – многумина беа потресени од веста дека тој доби дете со друга жена.

 

Тој, пак, беше оној кој сакаше да се обидат за уште едно дете со Клои околу Денот на благодарноста. Една недела подоцна, споменатите медиуми ексклузивно дознаа дека Томсон чека дете со фитнес моделот Марали Николс. Во првата половина на декември таа роди син кој го нарече Тео.

 

Меѓутоа, сега Клои тврди дека доаѓањето на второто бебе и помага официјално да го затвори целото поглавје од нејзиниот живот и „да престанат драмата и траумите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi