Предупредување за сите кои имале Ковид: Нуспојавите можат да се јават и 6 месеци подоцна

23 ноември, 20220
glavobolja-sna-830x0

Низ светот има многу пациенти кои закрепнале од Ковид-19, но се уште се жалат на симптоми како што се магла во мозокот, главоболки или анксиозност, пишува The Sun.

Експерти од Индија открија дека мозочните промени може да се случат кај пациенти кои биле заразени со новиот корона вирус.

Во една мала студија, истражувачите користеле скенирања од магнетна резонанца; ги анализирале снимките на 46 пациенти кои се опоравиле од Ковид-19 и ги споредиле со 30 здрави луѓе. Снимките се направени шест месеци по закрепнувањето од инфекцијата со новиот корона вирус.

Резултатите од студијата покажаа дека луѓето кои имале Ковид-19 имаат значително поголеми шанси за промени во мозокот. Промените главно се забележани во фронталниот лобус, а лекарите велат дека оваа регија главно се поврзува со замор, несоница, анксиозност, депресија, главоболки и когнитивни проблеми.

Коавторот на студијата, д-р Сапна С. Мишра, вели дека студијата нагласува нов аспект на невролошките ефекти на Ковид-19. Истражувачите откриле и разлика на едната страна од мозочното стебло. Тие објаснија дека тоа е поврзано со клучните телесни функции како што е ослободувањето на хормоните. Исто така, има влијание врз циклусот сон-будење.

Во списанието „Радиологија“, д-р Мишра наведува дека студијата укажува на долгорочни сериозни компликации што може да ги предизвика корона вирусот, дури и неколку месеци по закрепнувањето од инфекцијата.

– Сегашните сознанија се од краток временски период. Но, надолжните временски точки во текот на неколку години ќе разјаснат дали има некаква трајна промена – вели д-р Мишра.

Од друга страна, истражувањето предводено од експерти од Универзитетот во Квинсленд покажа дека Ковид-19 го активира истиот воспалителен одговор во мозокот како Паркинсоновата болест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *