ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ ЗА ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО СМРТТА НА КРАЛИЦАТА: Фатени на ноќно излегување, а еве кој им правеше друштво
Принцот Хари и Меган Маркл првпат се појавиле во јавноста откако се вратија во САД по погребот на кралицата Елизабета Втора.
Двојката уживала во концертот на пејачот Џек Џонсон во Калифорнија.
Војводата и војвотката од Сасекс стоеле во специјално ограден простор со уште десет луѓе со кои биле видени како разговараат, пишува TMZ.
Хари и Меган танцувале и си разменувле нежности, а принцот во еден момент ја прегрнал сопругата околу половината.
За потсетување, неодамна беше објавен нов портрет на кралското семејство на кој се прикажани кралот Чарлс Трети, Камила, принцот Вилијам и Кејт, додека Хари и Меган беа изоставени, иако во тоа време беа во Велика Британија.
Само два дена подоцна, на Интернет се појавија фотографии на кои Хари и Меган позираат насмеани.