Прифатете дека проблемот е во вас: Три знаци покажуваат дека вие сте МАНИПУЛАТОРОТ во врската и оној кој го расипува односот

5 август, 20220
shutterstock_1156208659

Многу луѓе, под изговор дека сакаат или се грижат за партнерот, свесно или несвесно прибегнуваат кон манипулативни методи на однесување.

За тоа има различни причини, а најчесто се работи за лично незадоволство.

Можеби и вие сте меѓу нив, а доколку се препознаете во некоја од наведените работи, треба да застанете и да размислите дали вие самите сте проблемот во вашата врска.

1. Не му дозволувате на партнерот да го живее својот живот
Вашата постојана потреба за време поминато заедно и внимание од партнерот може да ја спречи вашата сакана личност, да го живее својот живот неоптоварено и да ја натера да се откаже од работите што ги сака само за да го зачува мирот во врската. Многу е лошо ако не му дозволите на партнерот да го живее својот живот, туку очекувате постојано да биде со вас.

2. Ја обвинувате другата личност за сите ваши проблеми
Манипулативните и емоционално зависните луѓе секогаш ја обвинуваат својата околина за сопствените неуспеси или лошото расположение. Така, луѓето во врска имаат тенденција да го обвинуваат партнерот и за најмали нешта, но и за проблеми со кои имаат минимална поврзаност.

3. Паника кога го/ја нема
Секој пат кога ќе доцни или кога не се јавува на телефон, ве фаќа паника, се чувствувате напуштено и му се јавувате на телефон по стопати. Тоа е и манипулативно однесување, кое ги карактеризира несигурните и емоционално зависните луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit