Пробајте ги овие НЕРЕАЛНИ чоколадни бомбици и почувствувајте го вкусот на БРАЗИЛ, за само 10 минути ќе бидат на вашата маса

1 август, 20220
33732_shutterstock-1711081285_f

Бригадерос се традиционални бразилски чоколадни бомбици. Тие обично се прават од кондензирано млеко и какао

Состојки:

400 гр кондензирано млеко (1 конзерва)

3 лажици какао

1 лажица путер

– за декорација

кокос

чоколадни трошки

сечкани ф’стаци

сечкани ореви

шеќер во прав

какао

разнобојни шеќерни трошки

Подготовка:

Истурете го кондензираното млеко во сад за готвење, додадете ги какаото и путерот и варете на тивок оган со постојано мешање додека смесата не се соедини и почне да се одвојува од дното на тенџерето, околу 10 минути. После тоа тргнете ја од шпоретот и префрлете во поширок сад за побрзо да се излади.

Со мало лажиче се зема топлата смеса и се тркалаат топчиња со големина на мал орев. Украсете ги топчињата по желба. Изборот е огромен, од кокосово брашно до шеќер во прав, ореви, лешници, чоколадо, чоколадни трошки. Многу се вкусни и убави на око.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi