Рапсодија на вкусови за само 20 минути: Спремете СУПЕРБРЗ сос со пилешко кој оди со ориз и со пире

19 јуни, 20220
307517_shutterstock-532717690_ff

Состојки:

1 кромид
1 морков
300 гр пилешко филе
мешавина од суви зачини
сол
бибер
лук во прав
малку сусам
павлака за готвење
масло

Подготовка:

Прво треба да го загреете маслото во тавата, а потоа време е да го додадете сечканиот морков и малку да се пропржи додека не ја ослободи бојата. Потоа додадете го исечканиот кромид.

Во сето тоа додадете малку вода, а потоа оставете уште малку да се динста.

Сега е време да го додадете и сечканото пилешко. Пропржете го, но во еден момент во тавата додадете ги другите состојки, малку сол, сувиот зачин, павлаката за готвење и сусамот.

Потребни се уште неколку минути за да се динста вашето јадење, а потоа можете да го послужите овој брз сос со ориз, пире од компири или тестенини.

Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *