Ролат со пудинг од ванила и вишни – готов за 10 минути!

6 август, 20220
151980500_1368117263544017_5024139639551078172_n

Потребни состојки: 500 г кори за пита (за секој ролат се потребни по 4 кори), 1 л млеко, 200 г шеќер, 3 пудинзи од ванила, 100 мл масло, 200 г гриз, 200 мл јогурт, 1 ванилин шеќер, 1/2 прашок за печиво, 3 јајца, 300 г вишни, 40 г маргарин или путер.

Подготовка: Најпрво се подготвува смесата за ванилиниот пудинг. Во тенџере ставете 700 мл млеко, а во него додадете 7 лажици шеќер, измешајте и оставете млекото да зоврие. Во меѓувреме во останатиот дел од млекото додадете го ванилиниот шеќер и трите пудинзи од ванила. Кога млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со пудингот. Мешајте постојано додека да ја добиете посакуваната густина.

Пудингот префрлете го во сад, додадете 40 г маргарин или путер, прекријте го садот со фолија и оставете да се излади. Додека пудингот се лади, подгответе го преливот за корите.

Со маталка изматете ги јајцата и постепено започнете да го додавате шеќерот. Потоа додадете го маслото, јогуртот, гризот, ванилиниот шеќер и половина ќесичка прашок за печиво. Сета смеса убаво соединете ја.

Започнете со правењето пита по принцип – 4 кори, на секоја од нив прелив, на првите две кори додавате само од преливот со лажица и добро распоредете, на третата кора додавате од преливот и неколку вишни, а на последната додавате прелив, вишни и пудинг, редите во еден ред, а потоа ја завиткувате кората во ролат. На последната кора додадете вишни по желба. Јас секогаш ставам вишни, но не премногу.

Повторете ја истата постапка за приготвување додека имате прелив и пудинг. За секој ролат ќе ви бидат потребни 4 кори за пита. Ролатот премачкајте го со остатокот од преливот. Секогаш правам по 3 ролати, што значи дека се потребни 12 кори за пита. Од таа количина излегуваат многу ролатчиња, откога ќе ги исечете на ситни кругови по печењето.

Подготвените ролати редете ги во плех, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени. Одозгора премачкате ги ролатите со остатокот од преливот. Ролатите се печат околу 30 минути. По изминатото време извадете ги од рерна и оставете малку да се изладат. Потоа исечете ги на подебели кругови и редете ги во голема чинија.

Одозгора наросете шеќер во прав и послужете.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit