Рутата на мимозите: Совршената улица која води низ расцветани жолти крошни

24 јуни, 20220
62319940

Екс-ан-Прованс можеби е прекрасен француски град на југ, блиску до Медитеранот, но во зима не е најтопла дестинација. Сепак, веќе кон крајот на јануари градот полека почнува да добива жолти и златни тонови кои навестуваат доаѓање на пролетта и потоплите денови.

Токму ова е една од добрите причини за посета на француската ривиера надвор од туристичката сезона. Така мислеа богатите од 19 век кои потоа се собраа на југ и подигнаа романтични вили и палати за да уживаат во нивните бујни градини далеку од суровата зима. Нивните градинари донеле и мимози кои биле засадени покрај ривиерата во 1950-тите.

Можеби најубавиот остаток од тоа време е т.н Рута на мимози, пат долг 130 километри што води од Бормес-ле-Мимоза (каде што живее и францускиот претседател) до градот Грас, познат и како „главен град на парфемите“.

Од јануари до март рутата на мимози ја посетуваат многу туристи, а долж рутата може да се најдат и бројни работилници, продавници и активности организирани за љубителите на цвеќиња, мириси и козметика. Малку е тешко да се одреди врвот на сезоната на цветање бидејќи зависи од временските услови кои се менуваат секоја година, но сигурно ќе уживате во сцените дури и ако пропуштите една недела или еден месец.

Не заборавајте да ја искористите приликата да го посетите Танерон, село на врвот на ридот што потполно пожолтува за време на сезоната на цветање на мимозите. Тука се и шармантните градови Сен-Максим и Сен-Рафаел, и секако Бормес-ле-Мимоза, познат по своите „расцутени села“ и прекарот – престолнина на мимозите…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit