Ручек готов за 15 минути: Крцкави пилешки стапчиња од рерна, БЕЗ КАПКА МАСЛО
Вака подготвените пилешки стапчиња ќе бидат крцкави и вкусни, но без маснотиите, што ќе се согласите е поздрава опција.
Состојки:
400 гр пилешко филе
100 гр брашно
100 гр презла
160 мл млеко
1 лажичка сол
1 лажичка лук во прав
1 лажичка оригано
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка бибер
екстра зачини по вкус
Подготовка:
Пилешкото исечете го на ленти дебели околу еден сантиметар.
Потоа во длабок сад измешајте го млекото со зачините, ставете го пилешкото и сето убаво измешајте за месото добро да се маринира од сите страни.
Покријте со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да отстои два часа.
Потоа во чинија измешајте ги брашното и презла, па во оваа смеса убаво извалкајте ги стапчињата за убаво да се премачкаат.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени околу 15 минути или додека не добие златна кора.