РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Сочни пица лазањи кои се спремаат со работи кои веќе ги имате во фрижидерот!

23 ноември, 20220
192403_profimedia0147028180_ls

Направете лазањи на малку поинаков начин, исто толку добри како оние по оригиналниот рецепт!

Состојки:

500 гр тестенини, листови за лазања
100 мл масло
2 полни лажици брашно
500 мл млеко
сол и црн пипер
400 мл сок од домати
200 гр кечап
зачини за пица, мешавина од зачини или само оригано
400 гр шунка, шунка за пица и слично, исечкана на ленти
300 гр пица кашкавал или некој кој лесно се топи
200 гр свежи печурки
која било маслинка, по желба

Подготовка:

Загрејте го маслото, па додадете го брашното и пржете додека не порумени. Се прелива млекото, се става сол и бибер и се меша додека не се згусне. Густината треба да биде како јогурт, или за нијанса поретка. Ако не, само додадете малку вода.

Вклучете ја рерната на 200 степени.

Измешајте ги сокот од домати и кечапот, а потоа додадете ја смесата за зачини за пица.

На дното од тавата ставете малку бешамел сос и размачкајте го тестото. Врз тестото намачкајте ја смесата од домати, наредете ред шунка, изрендајте малку сирење и печурки. Посипете со малку микс за зачини и прелијте сè со малку бешамел сос.

Се реди вака до крај, додека не се искористат сите состојки.

На крајот одозгора треба да оставите тестенини, малку од двата сосови и малку сирење. Намачкајте, посипете со сирење и исечкајте неколку маслинки по желба. Посипете со зачини.

Покријте со алуминиумска фолија и печете еден час. По еден час извадете ја фолијата и печете уште малку.

Печената пица лазања оставете ја да отстои малку и да се излади.

Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *