Се плашат од кивање, во слаткарница служат пилешко: 10 необични нешта кои ќе ги доживеете само во Турција

6 август, 20220
Screenshot_1-4

Од бучни и хаотични улици до неверојатни гастрономски задоволства – Турција има сè што сака вашето срце. Благодарение на неизбежните турски сапуници, оваа земја стана омилена дестинација, а нивните пристапни цени и добро познатата храна ја направија уште поатрактивна.

Ова се неколку необични нешта кои можете да ги доживеете само во Турција:

1. Тие сообраќајните правила ги доживуваат повеќе како препораки отколку како правила, па не треба да бидете изненадени ако го видите целото семејство како вози мотор без кацига или мали деца како седат во скутот  на возачот на предното седиште. Дополнително, Турците тргнуваат на жолто светло и не се грижат премногу за пешачките премини, возење во рикверц или знаците покрај патот.

2. По патот често може да се видат лажни полициски автомобили во вистинска големина. Токму поради нивната неверојатна слобода во сообраќајот, надлежните на овој начин се обидуваат да ги исплашат оние кои возат пребрзо. За жал, вистинските полицајци ретко запираат возила поради сообраќајни прекршоци.

3. Турција е полна со суеверија. Во оваа смисла, речиси секој Турчин има Nazar Boncuğa, односно сино око, кое се наоѓа на влезот во домот, во автомобилот или се носи како привезок или ѓердан. Тоа е како талисман за кој се верува дека штити од зли духови. Исто така, кога станува збор за суеверија, Турците веруваат дека животот на човекот се скратува во моментот кога ќе кивне, затоа често велат cok yasa, што во превод значи „да живееш долго“ или „да ти е долг животот“.

4. Кога пијат ракија – единствениот алкохолен пијалок дозволен од нивната вера, често наздравуваат со „да ни биде овој најлош ден“. Иако е малку чудно да се слушне во моменти кога нешто се слави, на овој начин тие ја изразуваат својата желба секој втор ден да биде уште подобар од овој што моментално го слават

5. Не е чудно да се види пилешко во слаткарниците. Пудинг со млеко и рендани пилешки гради бил омиленото јадење на Османлиите и сè уште се смета за еден од најважните десерти во Турција.

6. Само во Турција можете да преминете од еден континент на друг под вода. Идејата за подземна врска меѓу Европа и Азија ја замислил султанот Отоман, но дури во 21 век таа била реализирана. Така, преку мостот можете да го поминете Босфорскиот канал со метро, пеш, со автомобил или со велосипед.

7. Дури и оние кои се супер-рационални веруваат дека нечија иднина може да се прочита од обликот на испиена шолја чај. Затоа, обликот птица симболизира ново патување, а обликот  срце – нова љубов.

8. Турците не се навикнати тивко да чекаат ред. Иако може да биде доста фрустрирачки, секоја култура е различна, па не треба да нè чуди ако некој се турне пред нас да нарача храна или да се качи во автобус.

9. Иако Турците се неверојатно пријателски настроени луѓе кои немаат проблем да им приоѓаат на странците, насмевката кон странци не е добредојдена. Насмевките се резервирани за луѓе кои добро ги познаваат, па затоа насмевката кон непознати може да биде погрешно разбрана.

10. Мангал или турска скара има посебно место во срцето на секој Турчин. Турската скара често е ѕвезда на секој пикник, а Турците ја прават без разлика на сезоната. Овој ритуал е всушност изговор да поминете време со вашите најблиски, а секој од нив има своја задача. Мажите секогаш се задолжени да се грижат за скарата и иако само еден е задолжен за неа, останатите се грижат месото да биде совршено сварено и чашите на собраните никогаш да не се празни. Исто така, турската скара не може да се замисли без салата од домати, кромид, пиперка и магдонос, во која често знаеме и ние да уживаме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi