Сите се жалиме на ненормална поспаност – главата сама ни паѓа! Овие неколку трикови ќе спречат да заспиете на работа
Дали сте често поспани на работа? И не само што зевате и се чувствувате малку поуморно, туку буквално се „тепате“ да не ви падне главата и да заспиете пред сите?
Ако ова е ваш случај, не грижете се. Изминативе денови температурните разлики се драстично изразени, а по топлотниот бран има и мало заладување. Значи, сето тоа нè прави поспани…
Сомнолозите истакнуваат дека за да ја задржите истата концентрација и фокус во текот на целото работно време, потребно е да направите промена на активноста, односно да го замените тоа што го работите со друг вид на работа.
Можете да правите вежби (ако има такви услови во канцеларија) – чучњеви, склекови, за срцето да почне поактивно да пумпа крв, а тоа сигурно ќе ве разбуди. Исто така, доколку сте во можност, најдобро би било да одите на кратка прошетка, да се измиете со ладна вода или да се истуширате наизменично со топла и ладна вода.