СЛАДОК ОМЛЕТ СО ЦРЕШИ! За сладок почеток на денот!
Искористете ја сезоната на цреши која е на врвот (што значи дека крајот не е далеку) и додајте ги во сладок омлет или палачинки, како повеќе ви се допаѓа… Уживајте!
Состојки:
4 јајца
лажица шеќер
2,5 дл млеко или вода
200 гр брашно
околу 300 гр цреши
50 гр бадеми во листови
Подготовка:
Шеќерот и жолчките измешајте ги со млекото, додадете брашно и на крај изматените белки во цврста пена. Загрејте малку масло или путер, па ставете по 1-2 лажички од смесата за секој омлет и рамномерно распоредете по целата тава. Одозгора наредете ги исчистените цреши и притиснете малку за да се залепат подобро. Кога омлетот ќе се испече од едната страна, внимателно свртете го на другата страна и печете уште малку. Префрлете се во чинија, посипете со шеќер во прав и препечени листови бадем.