СОВЕТИ ОД ПСИХОТЕРАПЕВТ: 4 начини да го преболите раскинувањето!

14 мај, 20220
21865_RASKID2_f

Психотерапевтката Ксенија Мијатовиќ понуди четири совети кои ќе ви помогнат да го оставите минатото зад себе и полесно да го преболите раскинувањето.

Никогаш не е лесно кога врската е прекината, дури и ако вие сте тој што решил да „пресече“.

Сепак, постојат неколку работи што можете да ги направите за да го олесните процесот на преболување, а психотерапевтот Ксенија Мијатовиќ нуди четири совети:

  1. Во ред е сè уште да ги сакате, иако е готово. Љубовта понекогаш не е доволна

– Не секогаш е крај кога во срцето е крај, туку кога во реалниот живот вие или другата личност ќе одлучите дека вашата врска повеќе не функционира. И тогаш е тешко и збунувачки – на кого да му верувате? На своите емоции или на она што се случува во реалниот живот? Здравиот разум е нешто што е достапно за секого и затоа – во ред е сè уште да ги сакате, но тоа не значи дека треба да се вратите на таа врска или да им дозволите да се вратат.

  1. Сакајте се себе повеќе. Не можете да очекувате некој друг да се однесува подобро со вас и да ве сака повеќе отколку вие самите себе

– Тоа е важно затоа што тоа се границите. Како можат другите да се однесуваат кон вас правилно ако вие не се однесувате кон себе со љубов и почит.

  1. Ослободете се од фантазијата. Најчесто се каеме за она што сме мислеле дека може да биде таа врска или личност

-Па, едноставно е, можете да зажалите за некоја фантазија што сте ја имале во главата, каква можела да биде таа врска, но не била, затоа и завршила.

  1. Прекинете контакт. Не, не мора да бидете пријатели

– Расчистете со минатото простувајќи си себеси и на другите што не сте знаеле подобро. Се уште никој не ја исправил „кривата Дрина“, одете понатаму! Простувањето ќе ве ослободи од емоционалниот товар што го носите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber