Со овие состојки ќе биде како нова: Исчистете ја пеглата за половина минута

2 декември, 20220
Screenshot_2

На секој му се има случено со вклучена пегла да мине преку пластичен или леплив дел на облеката во текот на пеглање. Прва мисла што тогаш ни минува е како да го исчистиме залепениот материјал од пеглата.

 

 

 

 

 

Овие совети ќе ви помогнат како во четири чекори најлесно да ја исчистите пеглата. За тоа ви се потребни чиста крпа, сода бикаробна, вински оцет, топла вода, стара четка и чепкалки за уши.

 

 

  1. Направете паста за чистење од една лажичка сода бикарбона и две лажички топла вода. Нанесете ја пастата на дното на пеглата во дупчињата за пареа. Оставете да делува неколку минути и пребришете со крпа, а потоа исчистете ги дупчињата.

 

  1. Винскиот оцет ставете го во сад, натопете во него стара четка за заби и полека минете по дното на пеглата.

 

  1. Наполенет ја пеглата со вода и вклучете ја опцијата за испуштање пареа. Кога ќе испушти пареа, ставете ја пеглата на чиста крпа и тријте додека повторно не испушти пареа. Така ќе ги отстраните остатоците од нечистотија останати по пастата и оцетот.

 

  1. Исклучете ја пеглата и оставете да се исуши, а потоа пребришете со чиста крпа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş