Според истражувањата, ова се најголемите грешки што можете да ги направите за време на интимниот однос

20 септември, 20220
Screenshot_3

За време на сексуалниот чин, луѓето се сконцентрирани на задоволството и забавата, но не смеете да заборавите и на работите што целосно би можеле да ви го расипат искуството. Во продолжение прочитајте кои 5 грешки никогаш не смеете да ги направите во креветот…

 

 

 

  1. Го потценувате ризикот од сексуално преносливи болести

Ако сте го прашале партнерот дали се има тестирано за полово преносливи болести, тоа не е доволно за да се заштитите од некоја зараза. Сексот без презерватив подразбира ризик од заболување, особено во денешно време кога болестите како гонореја и други стануваат сè потешко излечиви, бидејќи организмот развива отпорност на лековите.

 

  1. Истовремено користите лубриканти на база на масло и кондоми од латекс

Доколку користите презерватив направен од латекс, немојте да користите лубриканти на база на масло, вклучувајќи ги и природните лубриканти од маслиново и кокосово масло, бидејќи тие ќе го оштетат латексот и кондомот нема да биде делотворен. Во ваков случај најдобро е да користите лубрикант на база на вода или силикон.

 

  1. Користите погрешни сексуални помагала

За игрите во креветот најдобро е да користите помагала кои се наменети за употреба во спалната. Докторите од итните служби многу често имаат пациенти со оштетени интимни делови поради користење несоодветни предмети, па дури и храна за време на сексуалниот однос.

 

  1. Го брзате партнерот да доживее оргазам

Преголемото фокусирање на доживувањето оргазам може да биде штетно, бидејќи ќе предизвика напнатост меѓу партнерите. Понекогаш нема да можете да доживеете оргазам и тоа е сосема во ред. Ако партнерот или партнерката не можат да го достигнат врвот, најдобар начин да го промените тоа е ако го претворите самозадоволувањето во заедничка активност. Кога ќе сфатите дека пенетрацијата не е неопходна за оргазам, многу повеќе ќе уживате во сексот.

 

  1. Пробувате работи кои не можете да ги изведете

Експериментирањето во сексот е секогаш добредојдено, но немојте да претерувате. Ако се обидете со некои егзибиционистички пози кои не можете да ги изведете, би можеле да се повредите. Поради тоа, новите пози секогаш пробувајте ги повнимателно и поопуштено. Кога ќе ги совладате, ќе можете да бидете поенергични.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit