Стилистка удри по ЛЕТНИТЕ ТРЕНДОВИ: Ги носите постојано, а прават да изгледате ЕВТИНО

14 мај, 20220
stajling

Сјајот, светките и слични трендови одамна излегоа од мода

Не е секогаш добро слепо да ги следите трендовите, туку внимателно изберете ги оние кои ви се допаѓаат и кои најмногу ви одговараат.

Според стилистката Ники Скај, одредени трендови прават да изгледате евтино, па затоа треба да ги заобиколите во широк лак.

Можеби на едни помалку им прилегаат, а на други повеќе, но нивното време дефинитивно полека опаѓа и на нивно место доаѓаат други светски трендови.

  1. Евтини дизајнерски копии

Стилистката објаснува дека не мисли на популарните брендови кои ги земаат идеите на светски познатите дизајнери, па прават нешто слично, туку буквално мисли на копии од брендови кои чинат многу помалку од оригиналите.

  1. Вештачки трепки

За трендот кој често може да се забележи кај девојките, оваа стилистка вели дека изгледа евтино, а подразбира и вештачки трепки кои девојките сами ги лепат, како и екстензии кои се прават во салоните.

Доколку навистина сакате на некој начин да ги средите трепките, нејзиниот совет е да направите третман за подигнување на трепките бидејќи ќе изгледа поприродно.

  1. Лошо нанесени креми за самопотемнување

– И јас сакам да имам убав и темен тен во текот на целата година, но мора да одвоите време за да научите како правилно да ги нанесувате овие производи – советува Ники. Во спротивно, колку и да се средите, ќе изгледате евтино со кремасти дамки.

  1. Светки

Стилистката истакнува дека поради светките и сјајот изгледате помладо, „и тоа не на добар начин“.

  1. Имиња на брендови

– Изгледа многу евтино и како само да сакате да привлечете внимание – вели стилистката за луѓето на кои речиси по целата облека им се испишани имињата на брендовите што ги носат.

Покрај овие работи, Ники вели дека за евтиниот изглед придонесуваат леќите во боја, залижаната коса, носењето чорапи со сандали, пребледите усни, претесна облека, премногу златен накит на телото, како и предолгите вештачки нокти.

– Предолгите вештачки нокти воопшто не се софистицирани. Светли неонски бои, циркони и слични украси не само што прават да изгледате евтино, туку и ги тераат луѓето да се прашуваат како правите било што со тие нокти – вели Ники.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber