Том Харди победи во турнир на џиу-џицу: Негативецот од Бетмен сака борба и надвор од филмското платно

23 септември, 20220
tom-hardy-830x0

Актерот Том Харди одигра неколку насилни, физички и брутални ликови во текот на неговата кариера, од озлогласениот криминалец Чарлс Бронсон до улогата на Бејн, еден од физички најимпресивните противници на Бетмен.

Очигледно, актерот е доста вешт во борба и надвор од екранот.

Харди минатиот викенд учествуваше на Отвореното бразилско џиу-џицу првенство што се одржа во Велика Британија и победи.

Шон Розборо, спонзорот на настанот организиран во гимназијата на средното училиште во градот Милтон Кејнс, за „Дејли мејл“ изјавил дека организаторите веќе знаеле дека Харди ќе учествува, но одлучиле да не го откриваат на јавноста. за да не се направи скандал.

Актерот кој носи син појас во оваа боречка вештина, почна да тренира за време на подготовките за филмот „Воин“ во 2011 година и оттогаш е верен на џиу-џицу.

Како што изјави еден од нив за „Гардијан“, Харди е „навистина добар лик“ и со задоволство се фотографирал со секој што сака.

Ова не е прв пат актерот ненадејно да се појави на турнир. Во август, тој го освои отворениот шампионат во џиу-џицу што се одржа во Вулверхемптон, Англија.

– Веднаш го препознав. Сите знаат како изгледа Том Харди, нели? Бев шокиран. Тој рече: „Само заборавете дека сум јас и направете го она што вообичаено би го правеле“, рече еден од неговите противници во тоа време, Дени Еплби, кој го нарече актерот „навистина силен“.

– Тој е веројатно најсилниот противник што сум го имал. Дефинитивно е дораснат за улогата на Бејн“, додаде тој, мислејќи на ликот на Харди од филмовите за Бетмен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi