„Тој беше навистина БОЛНА личност“ – Славниот музичар откри УЖАСНИ детали од животот на Мајкл Џексон

5 август, 20220
majkl-dzekson

Во своите мемоари, Сер Елтон Џон го нарече кралот на поп музиката Мајкл Џексон ментално болна, вознемирувачка личност.

Автобиографијата на 75-годишниот музичар под името „Јас: Елтон Џон“ е полна со шокантни откритија од неговиот живот под рефлекторите, а во еден дел тој детално ја опишува неговата поврзаност со покојната ѕвезда.

Во текот на својот живот, Џексон често беше опкружен со различни контроверзии, а неодамна беше и тема на осудувачкиот документарен филм „Напуштање на Ниверленд: Мајкл Џексон и јас“, во кој Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон.

Елтон Џон истакна дека Џексон бил многу сладок кога бил „само детска ѕвезда“, и дека немало знаци на лошо однесување, но потоа раскажал како значително се почувствувал пресвртот во неговиот живот.

– „Во одреден момент растејќи почна да се одвојува од светот и од реалноста на начин на кој тоа го правеше Елвис Присли“ – тврди Елтон Џон.

– „Господ знае што му се случуваше во главата, а и самиот Бог знае со какви лекови на рецепт го наполнија“ – вели тој во своите мемоари.

– „Секогаш кога го гледав, во неговите подоцнежни години, се враќав дома мислејќи дека кутриот тотално ги изгубил нервите“ – истакна Елтон Џон и додава дека тоа не го мислел безгрижно, туку дека е „навистина ментално болна и вознемирувачка личност“.

Џексон бил познат по своите необични блиски пријателства со многу деца кога веќе бил возрасен, а најпознат младински пријател му бил тогашниот детски актер Меколи Калкин, познат по улогата во ТВ серијата „Сам дома“.

– „Се чинеше дека воопшто не може да се носи со друштвото на возрасните“ – опишал Елтон Џон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *