ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА Изгласана е за најзгодната жена на Светот!

31 октомври, 20220
Screenshot_3

Австралиското списание „Максим“ (Maxim) ја објави својата годишна листа „Хот 100“ за 2022 година, на којашто се наведени најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп-културата. На врвот на списокот „најзгодни“ се најде глумицата Марго Роби, чија холивудска кариера продолжува по нагорна патека и пред прикажувањето на најновиот филм „Вавилон“.

 

 

 

Ова е рекорден, трет пат Роби да се најде на врвот на „жешките 100“. На второто место е фудбалерката Сем Кер, а трета е Еш Барти. На овој список се најде и поранешниот рагбист Даниел Лејдли, кој го смени полот од машко во женско во 2020 година, но и политичарките Пени Вонг и Анастасија Палашчук.

 

Главниот уредник Санти Пинтадо рече дека списокот за 2022 година „продолжува да ги слави извонредните жени кои влијаат, нѐ импресионираат и нѐ поттикнуваат“ со своите способности, интелект, хумор, шеги и севкупниот мега-талент.

– Од спортистки до глумици, комичарки, ТВ-ѕвезди, музичарки, па политичарки и водителки на вести, до модели и инфлуенсерки, листата „Максим Хот 100“ за 2022 година опфаќа фантастично разновидно поле коешто нема да ги разочара нашите верни обожаватели, како и сите Австралијци подеднакво, додаде тој.

 

Марго Роби неодамна стана и најплатена глумица во Холивуд за годинава, благодарение на филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг, во којшто глуми покрај Рајан Гослинг како Кен. Според „Варајети“ (Variety), на австралиската актерка ѝ биле исплатени 12,5 милиони долари за овој филм.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *