Трик со кој ќе ја исчистите машината за перење од бигор и непријатни мириси

3 јули, 20220
ves-masina-830x0

Кажете им збогум на непријатните мириси и бигорот

Веруваме дека речиси секоја домаќинка редовно го одржува својот дом. Меѓутоа, често се случува речиси никогаш да не погледне во некои ќошиња и да не ги исчисти.

Едно такво место е машината за перење. Поради сите хемиски производи што се ставаат во неа, таа е полна со бигор, а често има и непријатен мирис.

Доколку забележите разлика во мирисот на измиените алишта или ако машината не работи добро како порано, би било препорачливо да го пробате овој едноставен трик кој ќе ве спаси од маките.

Пред да започнете со чистењето, за кое ќе ви треба само алкохолен оцет, алкохол и сода бикарбона, треба темелно да ги избришете преградите во кои ги истурате прашокот и омекнувачот.

Ако фиоката со прегради може да се отстрани, отстранете ја. Истурете 100 мл оцет во шише со распрскувач и испрскајте го местото каде што обично се наоѓа фиоката.

Измијте ја со топла вода и попрскајте со оцет, потоа вратете ја на своето место и истурете малку оцет во преградата каде што обично го ставате омекнувачот, а во другата ставете сода бикарбона во иста количина како што обично го ставате прашокот.

Во барабанот на машината за перење сипете околу 50 мл оцет, па вклучете ја на 90 степени.

Кога ќе заврши, отворете ја вратата од машината за перење, оставете ја така 10 минути, а потоа испрскајте алкохол во барабанот и темелно избришете ја внатрешноста на машината со памучна крпа.

Препорачливо е да се повторува постапката еднаш месечно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi