Тука веќе не стапнува човечка нога: 7-те најстрашни напуштени градови на светот

15 јануари, 20220
61585138

Од сите места, вашиот авион се урна во близина на напуштен град. Иако изгледа невозможно, сепак има мали шанси да дојде до ваква ситуација.

Агдам, Азербејџан

Некогаш дом на околу 40.000 жители, Агдам преживеа голем број крвави битки во средината на 1990-тите кои ги принудија жителите да го напуштат градот. По завршувањето на војната, градот бил окупиран од разбојници и скитници, а денес е нелегално да се посети.

This is Agdam, an Azerbaijani town that was captured by ethnic Armenian forces in 1993, during the first Nagorno-Karabakh war.

Боди, Калифорнија

Во 1859 година, еден куп белобради копачи се собраа во Сиера Невада во потрага по злато. Населението во малиот град Боди за една недела порасна на фасцинантни седум илјади души. Како што растело населението, растела и содржината на градот.

Во своите најдобри денови, градот имал седум цркви, 25 бордели и дури 65 барови. Овде често имало и тепачки, како и престрелки. Тоа траело до еден момент кога златото и жителите ги снемало, а само остатоците од зградите и повремените рѓосани автомобили не потсетуваат на најубавите денови.

Вароша, Кипар

Некогаш ултра популарно туристичко одморалиште на медитеранскиот брег, дел од градот Фамагуста, денес е напуштена руина. Во текот на 1970-тите, многу познати личности, како Брижит Бардо и Ракел Велч, летуваа тука, а улиците беа преполни со високи згради и скапи хотели. Сега овој град е целосно напуштен.

Островот Хашима, Јапонија

Од 1887 до 1974 година, Хашима бил град населен со рудари со нивните семејства. На својот врв, островот имал 5.000 жители, но бидејќи нафтата почнала да се користи како примарен извор на енергија, а јагленот се помалку се користел, жителите постепено го напуштале градот во потрага по подобар живот. Денес островот не е ништо друго освен бетонска плоча со многу празни згради.

Припјат, Украина

Официјално беше прогласен за град во 1979 година, а таа титула ја загуби во 1986 година, набргу по катастрофата во Чернобил. Пред експлозијата, Припјат имал 49.000 жители, 18.136 дрвја и 27 ресторани и барови. Денеска е строго чувано и се забранува секој неовластен влез или посета на градот. Не сакате да завршите овде навечер бидејќи никогаш не знаете какво мутирано чудовиште ќе ве замисли како негова вечера.

Ромањано ал Монте, Италија

Ова село било уништено од земјотресот што се случил во 1980 година, но жителите не сакале да го обноват местото, туку изградиле ново на десетина километри од него. Иако е ненаселено, селото денес е многу популарно меѓу туристите кои сакаат да го посетат единственото напуштено село во Италија.

Орадур сур Глејн, Франција

Некогаш во ова село имало 640 жители, кои биле брутално убиени од германските војници, освен неколкумина кои успеале да побегнат и да раскажат тажна приказна. Денес селото нема жители, но служи како своевиден потсетник и споменик на луѓето кои биле мачени до смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris