Успеа да ослабе 4 килограми и не планира да запре: Ова е исхраната на Милица Тодоровиќ која на сите може да им помогне!

3 август, 20220
676 (3)

Милица Тодоровиќ доби многу комплименти за својот изглед, откако неодамна позираше во костим за капење во Египет. Пејачката ослабе четири килограми, но се уште не е целосно задоволна и признава дека се бори со наслагите на стомакот!

– „Стомакот ми е рамен само наутро, а навечер се подувувам како и повеќето жени“ – вели Милица и додава дека успеала да ослабе без да гладува.

– „Одам кај нутриционист веќе неколку години. Малку забушавам и се опуштам, но брзо се враќам на диетата. Лесно слабеам, па затоа не се оптеретувам многу.“

Милица до неодамна редовно вежбаше дома и во теретана, но откако почна летната сезона на настапи нема време за физичка активност:

– „Пред летната турнеја имав личен тренер и вежбав со него. Во моментов не тренирам затоа што летото е навистина напорно за мене. Просто, немам време..“

Фолк ѕвездата вели дека најмногу успеала да ослабе кога не работела, за време на пандемијата, но во меѓувреме малку се опуштила.

– „Не сум премногу среќна што се здебелив бидејќи цел живот сум слаба како стап, па чудно е, но се чувствувам добро! Сè уште не сум ја повратила тежината што ја имав претходно, носам такви работи за да го прикријат вишокот. Но, и во нив изгледам добро, и понатаму сум се*си“ – ја завршува приказната Милица Тодоровиќ.

Што јаде Милица Тодоровиќ?
Појадок: Овесна каша прелиена со вода и овошје. Ручек: Месо и салата. Вечера: Печено пилешко, зелена салата, чери домати. Трик совет: Пијте многу вода и зелен чај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi