ХОРОСКОП ЗА 22-РИ НОЕМВРИ: Овните се чувствуваат празно, а за Раковите следи интересна средба

22 ноември, 20220
e36c42dfdf9cfbf0a86cb58b62fdabcbb2abaa74

ОВЕН

Се чувствувате празно. Можеби деновиве завршивте важни задачи, па мислевте дека овој ден ќе биде спектакуларно радосен. Задоволството недостасува поради наглото опаѓање на адреналинот. За да се вратите, итно смислете нови цели.

БИК

Ве очекуваат добри вести за значителни парични приходи, но потоа следуваат трошоци. Со навидум стабилизирање на финансиската состојба се подобрува и вашето расположение, па тоа позитивно влијае на љубовните врски.

БЛИЗНАЦИ

Има можност за дополнителна работа која во моментов не ви е потребна. Барате оправдување во финансиската компензација која не е доволна за напорот што треба да го вложите. Прифатете затоа што овој бизнис ќе се исплати на долг рок.

РАК

Можна е интересна средба со слободоумна личност. Прифатете го предизвикот, но чувајте се во тајност бидејќи подоцна таа авантура може скапо да ве чини. Под стрес сте, потребна ви е рекреација, но во исто време внимавајте на физичките повреди.

ЛАВ

Под голем притисок сте. Вашата педантност не ви дозволува да ги оставите работите недовршени. Износот на обврските во однос на времето што го имате на располагање остава впечаток дека самите сте си направиле хаос, поради што ќе завршите во кревет.

ДЕВИЦА

Ве изненади приказна за колега на кој бескрајно сте му верувале. Непотребно се нервирате, бидејќи информациите главно не се вистинити. Подобро внимавајте на исхраната и најдете начин како квалитетно да се одморите, бидејќи имунитетот ви е во сериозно опаѓање.

ВАГА

Потрудете се да слушате што ви кажуваат другите луѓе. Можеби ќе забележите дека некој се обидува да ви пренесе одлична идеја, но вие не одговарате. Ако ја дозволите можноста некој друг да смисли нешто корисно, ќе имате шанса значително да профитирате.

ШКОРПИЈА

Не дозволувајте пропустот во концентрацијата да ве изолира од средина каде што сте високо ценети. Вашата инвентивност не пропаднала, станува збор за краткорочна заситеност. Наскоро ќе имате можност да го преземете водството во важен деловен потфат.

СТРЕЛЕЦ

Иако многу добро знаете што сакате, а имате и разработени планови, не е поволен период за големи зафати. Одложете ги сите видови инвестиции како и деловни одлуки, склони сте на грешки. Зајакнете го вашиот имунитет бидејќи сте изложени на ризик од вирусна инфекција.

ЈАРЕЦ

Им дозволувате на другите луѓе да го преувеличуваат вашиот неуспех и на тој начин ви наметнуваат чувства на инфериорност и вина. Тешко е да се одржи самодовербата во моментот на неуспех, но ако не започнете навреме, краткотрајната непријатност може да се претвори во сериозен проблем.

ВОДОЛИЈА

Дисциплина, тоа ви кажува овој ден. И токму кога е најважно, ве обзема умор и поспаност. Ако не попуштите, ќе направите сериозни грешки кои ќе ве чинат парични казни. Ваквите транзити се особено неповолни за вашето учество во сообраќајот.

РИБА

Пристигнуваат интересни деловни предлози од стар близок пријател. Не е вистинско време да размислувате за големи зафати, сè што ќе помислите денес нема лесно да се оствари во иднина. Затоа, обрнете внимание на себе и на вашата сакана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber