„Цел живот се БОРАМ со тоа“: Анастасија Ражнатовиќ има ЗДРАВСТВЕН проблем, за кој првпат проговори

5 декември, 20220
anastasija-6

Многумина мислеа дека нејзиниот проблем е предизвикан од трема

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, е една од најпопуларните млади пејачки на нашите простори, а за приватниот живот се труди да не зборува многу.

Иако животот ѝ изгледа како бајка, на неодамнешното гостување кај Огњен Амиџиќ во емисијата „Ами џи шоу“ многумина забележаа дека и се тресат рацете. Иако гледачите беа убедени дека тоа е поради трема, Ражнатовиќ откри дека тоа е проблем со кој се бори цел живот.

– Погледнете колку ми се тресат рацете, тоа ми е природно – открила ќерката на Цеца Ражнатовиќ кога учествувала во интересна задача со цигара и хартиена туба.

Задачата и снимката одблиску јасно покажаа дека Анастасија има треперење на рацете, со кое живее со години. Самиот водител коментираше дека мислел дека тоа е поради трема.

– Ма каква трема. Тоа ми е природно – признала Анастасија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *