Чајот што сите го сакаме може да доведе до откажување на црниот дроб: Внимавајте пред да ја консумирате оваа билка

22 септември, 20220
17890_shutterstock-2038621805_f

Чај кој сите го пијат и обожаваат, а ретко кој ја знае неговата штетна страна

Екстрактот од зелен чај може да предизвика оштетување на црниот дроб, објави Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).

Со сите придобивки од зелениот чај, кој често се препишува во различни диети и помага во слабеењето, земањето премногу дневно може да биде штетно за црниот дроб, па дури и да доведе до негово откажување, пишува „Хабер“.

Виновниците се катехините, еден вид полифеноли кои се есенцијални молекули за физиологијата на растенијата, неопходни за функции како што се растот и пигментацијата. Се претпоставува дека штетната доза е околу 800 mg на ден, но нема официјална потврда за безбедна дневна доза на катехини.

Иако многу малопродажни синџири продаваат екстракти од зелен чај, во огромното мнозинство на случаи станува збор за доза помала од 800 mg катехини.

Предупредувањето од ЕФСА дојде откако канадските колеги повикаа на построги проверки, предизвикани од случајот на тинејџер кој земал таблети од зелен чај и сега има потреба од дијализа на црниот дроб.

Во изминатите неколку години, во медицинските списанија се појавија неколку случаи каде луѓето имаа големи проблеми со црниот дроб, а таблетите од зелен чај беа главната причина.

Така, маж од Австралија завршил со трансплантација на црн дроб, а во Англија 16-годишно девојче заболело од хепатитис на црниот дроб откако користела апчиња од зелен чај за слабеење.

Како заклучок, ЕФСА објави дека катехинот во мали количини е многу добар за здравјето, но претерувањето со него може да доведе до катастрофални последици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *