Шминка за големите жештини: Наместо ПУДРА, можете да користите 4 ефективни препарати кои нема ДА СЕ СТОПАТ

4 август, 20220
Puder-cetkica-lice

Ефикасно прикријте ги несовршеностите и дајте му на лицето природен и убав сјај

Пудрата, особено на високи температури, може да биде премногу „тешка“ за лицето, односно да не е пријатна, а и дополнително да се размачкува.

Токму затоа високите температури се непријател на секоја жена која сака да се шминка

Сепак, постои и добра алтернатива на тешката пудра. Ова се производи кои веќе ги имате во вашиот несесер.

Тонирани креми

Во деновите кога не сакате да трпите пудра на лицето, тонираната крема е вашиот најдобар сојузник. Ги прикрива темните кругови и црвенилото и помага да се изедначи тенот. Исто така, ја хидрира кожата и и дава сјај.

Дополнително, се препорачува употреба на крема со заштитен фактор која ќе го неутрализира штетното дејство на сонцето.

Мат прајмер

Прајмерите со мат ефект се совршени за жени со зголемени пори или помрсна кожа. Прајмерот го матира и изедначува тенот, така што нема неприродно да заблескате на летното сонце.

Не би било лоша идеја да барате прајмер кој истовремено ги стеснува порите и го чисти лицето.

Коректор

Ако имате проблеми со мозолчиња или темни кругови, треба да користите нешто посилно од прајмер и тонирана крема. Коректорот е идеалното решение за вас. Идеален за овие ситуации е коректор кој е за една нијанса посветол од вашата кожа. На овој начин ефикасно ќе ги покриете недостатоците.

Се препорачува да изберете меки и кремасти коректори.

Хајлајтер

Хајлајтерот е одлично решение доколку вашиот тен е совршен, но сакате да му дадете малку сјај. Нанесете го над веѓите и горната усна и дефинитивно на јагодиците, па малку изблендирајте, за да се спои со вашата кожа.

Не се препорачува за луѓе со мрсна кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *