ШОКАНТНИ РЕЗУЛТАТИ ОД НОВОТО ИСТРАЖУВАЊЕ! Научниците открија дека СТРЕСОТ е виновен за појава на болеста за која ретко се зборува – еве за што станува збор

12 јануари, 20220
Screenshot_11

Според најновите резултати од истражувањето, психолошкиот стрес може да придонесе за избувнување на Кронова болест со попречување на способноста на телото да се бори против лошите цревни бактерии, како што е ешерихија коли.

 

Кроновата болест е долгорочна состојба која може да предизвика воспаление, лузни и чиреви во дигестивниот тракт – најчесто во тенкото или дебелото црево.

 

Тоа е исцрпувачка цревна состојба која погодува околу три милиони луѓе ширум Светот. Работејќи со глувци, истражувачите од Универзитетот во Онтарио во Канада открија дека хормоните на стресот можат да го потиснат нивниот сопствен имунолошки систем.

 

– Главниот заклучок е дека психолошкиот стрес ја попречува способноста на телото да се бори против црвените бактерии кои можат да бидат вклучени во Кронова болест – објасни биохемичарот Брајан Кумбес.

 

– Вродениот имунитет е дизајниран да не заштити од микробите кои не припаѓаат на цревата, како што се штетните бактерии – додаде тој.

 

„Кога нашиот вроден имунолошки систем функционира правилно, тој ги спречува штетните бактерии да не колонизираат, но кога ќе се распадне, остава отвор за патогени да колонизираат места кои инаку не можат да предизвикаат болест.

 

Кога вродениот имунолошки систем е потиснат, како што е хормонот на стрес, ѕидот на епителните клетки може да се распадне, дозволувајќи им на микробите како ешерихија коли да предизвикаат Кронова болест.

 

– Колку повеќе знаеме што ја предизвикува Кроновата болест, толку сме поблиску до нови третмани и потенцијално дури и превенција на болести – додаде Кумбес.

 

Истражувачите предупредија дека нивното истражување може да го отвори патот за нови третмани во третманот на Кронова болест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi