Што се случува ако сонувате дека умирате? Дали ова значи дека си го продолжувате вашиот ЖИВОТ, или СПРОТИВНОТО?

11 август, 20220
Screenshot_8

Од време на време сите нè мачат кошмари од кој најстрашен е оној во кој ја сонуваме сопствената смрт.

 

 

 

 

Како што за сите соништа има посебни народни верувања и толкувања, еве што значи смртта во сон:

 

Ако видите смрт – пред вас е долг живот со богатство и многу деца.

 

Ако гледате како смртта доаѓа по вас – ќе се најдете во големо искушение.

 

Ако ја надмудрите смртта – ќе имате среќен живот.

 

Ако сте осудени на смртна казна – во работата ве очекува напредок и голем успех.

 

Ако сте веќе мртви – ослободување од проблемите.

 

Ако го гледате сопственото умирање – ве очекува голем успех и конечно ќе станете свесни за своите можности и вредности.

 

Ако умрете и повторно оживеете – ве очекуваат големи грижи, тага и жалост.

 

Ако гледате како некој друг умира – ќе ве напушти блиска личност.

 

Ако сонувате како вашата сестра или вашиот брат умира – треба да надминете некој проблем од детството, да престанете да живеете во минатото и да се свртите кон иднината.

 

Ако сонувате како вашите родители умираат – тоа го симболизира процесот на растење и осамостојување.

 

Ако сонувате дека вашето дете умира – значи дека треба да се откриете себеси и да престанете да фантазирате, па наместо тоа да делувате.

 

Ако сонувате смрт на позната личност – ќе ви се случат големи промени во животот на кои нема да можете да дејствувате.

 

Сепак, многу психолози тврдат дека сонувањето на сопствената смрт значи дека се наоѓате на животна раскрсница, односно дека сте во еден вид транзиција.

 

Соновите за сопствената смрт симболизираат внатрешна трансформација, себеоткривање и генерално развој на вашиот живот.

 

Затоа, ако синоќа сте сонувале смрт, денес очекувајте големи промени, затоа што само во ретки случаи смртта во сонот ја претставува вистинската физичка смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *