Ѕирнете во домот на Кајли Џенер и Травис Скот: Се продава за 21,9 милиони долари, а еден детал од дворот ќе ве маѓепса
Кајли Џенер и Скот Тревис решија да ја продадат својата величествена куќа која се наоѓа во Лос Анџелес, а цената што ја бараат на многумина им е незамислива.
Имено, тие двајца изградиле неверојатно елегантна и убава куќа на парцела која зафаќа 16.700 метри квадратни.
Куќата има седум спални соби и 11 бањи. Станбениот простор е распослан на три ката и има гаража во која може да се сместат до 20 автомобили. Покрај тоа, тука е и приватна теретана, кино со 15 седишта, винотека со повеќе од 650 шишиња од најразновидните скапи вина.
Она што на многумина им падна во очи е огромниот базен кој се наоѓа во рамките на вилата. Покрај неа, има и Зен градина, како и повеќе од 300 дрвја од различно овошје.
Сепак, она што на сите им го одзема здивот е глетката од една од спалните соби, од која цел Лос Анџелес ви е на дланка. За својот рај на земјата, славниот пар бара неверојатни 21,9 милиони евра.
Погледнете како таа изгледа во следната галерија.