Јазикот со мистериозни корења: Тој е еден од најстарите, а нема врска со ниеден друг европски јазик!

15 август, 20220
62354887

Кога би рекле дека во Шпанија се зборува шпански, нема да згрешите. Или ако би рекле дека во Франција се зборува француски. Но, ако го кажете истото во Баскија, автономна заедница која се протега на територијата на Шпанија и Франција, ќе ве гледаат настрана, а можеби дури и ќе ве проколнат на јазик за кој би сфатиле дека не е шпански или француски.

За почеток, да објасниме каде точно се наоѓа Баскија. Тоа е европски регион кој е поделен меѓу Шпанија и Франција.

Иако Баскијците знаат шпански (т.е. француски) и тој е еден од двата официјални јазици на оваа покраина во Шпанија, постои и т.н. еускара, баскиски јазик што го зборува половина од населението и се смета за единствен во Европа. Имено, тој не доаѓа од латинскиот. Згора на тоа, тој нема никаква врска со ниту еден друг јазик во светот, така што неговите корени се донекаде мистериозни во таа смисла.

Токму поради својата уникатност, но и важноста за националниот идентитет на оваа заедница, која низ историјата се обидувала да се оттргне од рацете на Шпанците, Баскија беше на удар на властите.

Така, за време на диктатурата на Франциско Франко од 1936 до 1975 година, баскискиот јазик беше потиснат од употреба во училиштата и медиумите, а имаше дури и инсистирање на преработка на надгробните споменици и забрана за „баскиски“ имиња за децата бидејќи сето тоа укажуваше на сепаратизам.

Баскискиот јазик се смета и за еден од најстарите европски јазици – се верува дека е стар повеќе од 12.000 години. Неговото име се споменува уште во римскиот период, заедно со некои зборови кои се слични на денешниот модерен баскиски говор.

Денес е признат како официјален јазик на Баскија во Шпанија. Меѓутоа, Баскија се протега и во дел од Франција, каде нивниот јазик не ужива таков статус, иако се користи на двојазични знаци.

Еускара има некои елементи кои се слични на другите јазици, но е сосема „своја“. Ако сакаш да се збогуваш, ќе кажеш „агур“. Фала ти е „ескеррик аско“, само добро е „он егин“, како си „зер модуз?“, ако е „баи“, не „ез“. А можеби најкорисните изрази ќе бидат „Ez dut comprehende“ (не разбирам) и „Ez dakit euskare“ (не зборувам баскиски).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *