ЈА ОШТЕТУВАТЕ КОСАТА, А НЕ ГО ДОБИВАТЕ ОНА ШТО ГО САКАТЕ: Најчестите грешки што ги правите кога СЕ ФЕНИРАТЕ ДОМА

2 август, 20220
Kosa-cetka-frizura

Не го прескокнувајте регенераторот

Што и да правите со вашата коса и какви и да купите производи за да ја негувате, изгледа дека фризерката секогаш го прави тоа многу подобро. По посетата на специјалист, вашата коса е секогаш кадифено мека.

Со право, многу дами се прашуваат каде грешат.

Можно е да сте забележале и дека вашата коса е наелектризирана по самостојното фенирање и дека не изгледа баш како што сте замислиле.

Експертите тврдат дека многу дами прават големи грешки кога се фенираат. Најчесто, фенот премногу го доближуваат до косата, а температурата ја зголемуваат до максимум, што не е добро за косата.

Се препорачува фенот да го држите најмалку 3 сантиметри подалеку од косата и да го насочите одозгора кон врвовите, за да избегнете оштетување на косата и со тоа да избегнете нејзино слабеење и кршење.

Во желбата да и додадат волумен на косата и да изгледа баш како што замислиле, многу жени предолго ја сушат со фен. Исто така, многу луѓе ја мијат косата со шампон двапати, што експертите го сметаат за грешка.

– Нема потреба да ја миете косата двапати со шампон бидејќи на тој начин се активираат лојните жлезди на главата, а потоа вашата коса станува помасна. Едно шампонирање е сосема доволно – смета британската фризерка Луис Галвин. Луис истакна дека улогата на регенераторот, кој многу дами го прескокнуваат, е многу важна.

-Ставете го регенераторот на вашата коса и не ја плакнете целосно, бидејќи така порамномерно ќе го распоредите производот, а потоа чешлајте ја косата со прстите од врвовите кон коренот. Запомнете, вашите прсти се понежни од четката. Ова е особено важен совет за оние кои имаат долга коса и за жените кои се во менопауза, бидејќи нивната коса е посклона на оштетување – рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit