Џенифер Лопез ги избриша сите објави од Инстаграм, а потоа постави црна профилна слика: Фановите загрижени

24 ноември, 20220
shutterstock1417205852-830x0

Пејачката пред само неколку дена објави видео со својот сопруг

Пејачката Џенифер Лопез ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил и ја замени сликата на профилот со црна позадина.

Пејачката и актерка се уште не дала никакво објаснување, а нејзините 226 милиони следбеници се прашуваат што се случило.

Во текот на оваа недела, Џенифер објави видео на Тикток на кое може да се види како разменува нежности со нејзиниот сопруг Бен Афлек, што подоцна го сподели и на својот Инстаграм.

Нејзиниот потег да ги избрише сите фотографии изненади многумина бидејќи пејачката беше многу активна на оваа социјална мрежа.

Дали ова е уште еден трик, бидејќи познатите ѕвезди често се одлучуваат за вакви потези кога сакаат да привлечат внимание за нови песни и албуми или пак се работи за нешто сосема друго, засега не е познато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi