Шакира неодамна беше снимена во амбулантно возило, а откако шпекулираше дека ѝ се слошило кога дознала дека наводно ја изневерувал нејзиниот сопруг, фудбалерот Жерар Пике, објаснила што навистина се случило.
Странските медиуми пишуваат дека Шакира имала напад на паника, што делумно е точно со оглед на тоа што открила дека нејзиниот татко Вилијам Мебарак Чадид паднал и завршил во болница.
– Луѓе, добивам многу загрижени пораки бидејќи неодамна ме видоа во амбулантно возило во Барселона. Сакав само да кажам дека тие фотографии се направени кога татко ми, за жал, тешко падна, па со амбулантно возило го отпратив до болница, каде што сега се опоравува – напишала Шакира.
– Ве молиме испратете му ги сите најдобри желби и ви благодарам на сите како и секогаш за поддршката – додаде пејачката во својата објава на Твитер.
— Shakira (@shakira) June 4, 2022
Заедно со објавата, Шакира сподели и фотографија со нејзиниот татко на која се гледа дека неговото лице е полно со модринки, што е последица на тешкиот пад што го имаше.
Да потсетиме, Шакира и Пике во заедничка изјава потврдија дека ја прекинале врската од која ги имаат двата сина Милан и Саша. Иако се шпекулира дека причина за раскинувањето е измамата на фудбалерот, тие двајца не се огласија по тој повод.
– Жал ни е што раскинавме. За доброто на нашите деца, кои се најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нашата приватност – пишува во заедничката изјава на поранешната двојка.