Ова е веројатно најтешкиот период во турбулентниот живот на легендарната пејачка
На 62 години почина Рони Тарнер, синот на музичката дива Тина Тарнер.
Тој беше пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес по неколкугодишна битка со рак.
Во Холивуд се прослави по впечатливиот перформанс во филмот „Што љубовта има со тоа“.
По смртта на своето чедо, пејачката конечно се огласи на „Инстаграм“.
„Рони, прерано го напушти овој свет. Тажна ги затворам очите и мислам на тебе, мој најсакан синко“, напиша таа на профилот.
Пред четири години таа се соочи со уште една семејна трагедија кога се самоуби нејзиниот најстар син.
„Имаше 59 години кога трагично почина, но тој секогаш ќе биде мое дете“, изјави Тина Тарнер подоцна во едно интервју.