3 работи кои повеќето жени ги прават, а мажите го сметаат за неверство

25 ноември, 20220
shutterstock1886713312-830x0 (2)

Според љубовните експерти, секој има своја дефиниција за тоа што значи да се биде неверен во емотивна врска. Сепак, многу луѓе мислат дека дефиницијата е едноставна, но како што велат експертите, повеќето луѓе така мислат додека не се најдат во слична ситуација.

Некои тврдат дека и онлајн пораките се измама, а други истакнуваат дека го сметаат за измама само доколку партнерот имал односи со друга личност.

Со оглед на тоа што мажите и жените различно пристапуваат кон врските, а имаат различно гледање на измамата, девојка по име Хана разговарала со мажи и објавила видео на социјалната платформа „Јутјуб“ во кое зборува за тоа што луѓето го сметаат за измама.

Врз основа на нејзиното видео, издвоено е само мислењето на мажите, а истакнавме три работи кои мажите ги сметаат за измама.

1. Чување тајни

Изневерувањето е речиси сè што не сте спремни да му кажете на вашиот партнер.

– Сè што чувствувате дека треба да го скриете од партнерот или да лажете се смета за изневерување – ја започнува приказната Хана.

– Многу од мажите со кои разговарав ги спомнуваат тајните и штетното влијание што тие можат да го имаат врз врските. За овие мажи, идејата да чуваат нешто што го направиле во тајност од својата партнерка е однесување кое се смета за изневерување. Во основа, тоа значи дека ако направиле нешто за што се чувствуваат виновни, толку виновни што сакаат да го чуваат во тајност, тоа може да се смета и за неверство – додава таа.

2. Емоционална измама

Хана вели дека емоциите или „менталниот простор“ што му ги давате на некој друг паѓа под измама.

– Некои мажи, исто како и некои жени, сметаат дека создавањето емотивна врска со некој друг освен нивната партнерка, девојка или сопруга е изневерување. Чинот на посветување на вашето време или емотивен простор и енергија на некој друг, што би можеле да му го посветите на партнерот, се смета за кршење на границите на вашата врска – нагласува таа.

3. Прекршување на договорот

Комуникацијата е клучот, а малите лаги водат само до поголеми проблеми.

– За повеќето мажи што ги интервјуирав, она што го сметаат за предавство во врската зависи од правилата што двајца луѓе ги воспоставуваат од самиот почеток. Може да бидете во отворена врска и затоа „дозволено“ да имате односи со други луѓе, но ако направите нешто што прекршува друг тип на договор, како на пример да не му кажете на вашиот партнер дека сте запознале некој нов, тоа би се сметало за изневерување, открива Хана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber