4 вежби кои треба да ги правите ако седите по 8 часа на ден: Краток и ефикасен тренинг за половината

13 јануари, 20220
bol-u-ledjima-830x0 (1)

Во денешно време има многу луѓе чија работа бара да седат пред компјутер најмалку осум часа. Можеби некому му звучи како работа од соништата – седите и куцкате…, но дали е тоа навистина така?

Долгото седење и замор доведуваат до лошо држење на телото, болки во грбот, а подоцна може да се појават и деформитети на ‘рбетот.

Веруваме дека сте многу зафатени во работното време, но тоа не е изговор да не одвоите неколку минути за време на паузата и да ја подобрите флексибилноста и мускулниот тонус.

Затоа, бидете одлучни и правете ги овие четири вежби секој ден кои нема да ви одземат премногу време.

Вежба 1

Започнете со вежби за вратот, кои ќе ви помогнат да го опуштите целиот грб. Не мора да станувате, важно е само грбот да ви е исправен, колку што е можно повеќе. Нежно заокружете ја главата на едната, а потоа на другата страна.

Спуштете ја главата, полека, што е можно побавно и почувствувајте како се растегнува целиот рбет. Свиткајте ја главата надесно, со увото до рамо, држете 10 секунди, а потоа налево.

Направете ја оваа вежба во три серии.

Вежба 2

Само затоа што седите на маса не значи дека не можете да ги истегнете рацете, а со тоа и грбот. Истегнете ги мускулите на десната рака обидувајќи се да стигнете што е можно подалеку налево. Фатете го лактот на десната рака со левата рака и повлечете колку што можете.

Држете пет секунди. Направете осум повторувања пред да се префрлите на другата рака.

Вежба 3

Многу е важно да се движите. Наместо да одите во тоалетот на вашиот кат, одете на друг кат и така движете го телото. Додека се движите, движете ги рамената и рацете за да ги опуштите мускулите.

Одењето на прсти додека рацете ви се споени во воздухот над главата ви помага да го истегнете целото тело – од глава до пети.

Вежба 4

Прекрстете ги прстите и истегнете ги рацете напред колку што е можно повеќе, свиткувајќи го грбот. Држете 15 секунди, а потоа прекрстете ги прстите зад грбот и истегнете се така што рамената ќе бидат поблиску едно до друго, свиткувајќи ја главата назад. Држете 15 секунди. Прекрстете ги прстите и истегнете се нагоре и држете се во таа положба 15 секунди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris