7 интересни факти за прекрасната европска земја која пред 30 години не емитуваше ТВ програма

2 декември, 20220
61984033-reykjavik

Сите добро знаеме ја знаеме земјата наречена Земја на огнот и мразот, каде има гејзери колку што ви сака срцето, а чиј главен град е Рејкјавик. Но, овие 7 работи се уште помалку познати, а бидејќи Исланд е во подем во последните години, не е лошо да научите нешто поинтересно за таа земја…

Нема ТВ во четврток

До 1987 година, телевизиската куќа не емитувала ТВ програма во четврток, па Исланѓаните родени пред таа година често се шегуваат дека најверојатно се зачнати – во четврток. Имено, четвртокот се сметал за ден за дружење и одржување на односите со луѓето, па тогаш единствената ТВ програма во земјава не постоела во четврток.

Kattarshians

И додека на светско ниво ријалити сериите продолжуваат да надминуваат рекорди на гледаност, Исланѓаните направија малку поинакво реално шоу. Имено, тие го емитуваа „Keeping up with the Kattarshians“ каде се следи животот и однесувањето на мачките во куќите.

Цртеж наместо адреса

Не знаете нечија адреса и сакате да испратите писмо? Не е важно, писмото веројатно ќе стигне до својата дестинација. Ова се однесува на приградските делови на земјата бидејќи куќите таму често се многу, многу далеку една од друга.

Северна светлина

Верувале или не, Исланѓаните можат да уживаат во поларната светлина речиси осум месеци во годината. Мислиме дека ова е одлично, но веројатно по неколку дена би се запрашале „дали некогаш ќе престане?“.

Последниот чизбургер

Верувале или не, Мекдоналдс не постои во земјата од 2009 година. Но, не грижете се, последниот бургер заедно со помфритот е зачуван и може да се види во живо.

Бебињата на свеж воздух

Исто како Данците, Исланѓаните ги оставаат своите бебиња пред кафулиња или ресторани, на свеж воздух. Имено, сосема е нормално родителите да одат на кафе со другарите, а за тоа време да го остават детето надвор – на чист воздух. Со оглед на стапката на криминал, никој не ни размислува за ништо негативно, а да речеме дека киднапирањата се непознат концепт овде.

Најсеверниот главен град во светот

Главниот град Рејкјавик е најсеверниот главен град во целиот свет. И покрај тоа, не е толку студено како што може да се очекува, температурите не се сибирски, а просечната температура во јануари е еднаква на просечната температура во Њујорк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi