Како да ги отстраните белите дамки од дезодоранс: 3 трикови кои ја спасуваат облеката

8 јуни, 20230
57f04a8ffa26397b7a2866b455f18281

Дезодорансите се одлични препарати против потењето, но сепак, тие исто така може да бидат причинители на проблеми бидејќи оставаат траги на облеката.

Не избрзувајте маицата да ја фрлите или да ја однесете на хемиско чистење: за вас одвоивме 7 трикови кои ќе ви помогнат да ги отстраните дамките од вашата облека. И уште еден бонус е на самиот крај.

Важно: Пред да примените некој од овие методи на чистење на облеката, прво проверете на мал дел од ткаенината.

  1. Сол

Овој метод помага да се отстранат старите дамки на ткаенината. Безбедно е и за бели и за обоени алишта.

Земете малку сол, навлажнете го со вода делот од ткаенината под пазувите и ставете сол. Оставете ја маицата 8-12 часа или преку ноќ. што е обоена, и расфрлајте ја солта на неа. Оставете го таму 8-12 часа или преку ноќ. Потоа уште еднаш навлажнете го делот и додајте малку повеќе сол. Нежно тријте ја ткаенината. По таков „пилинг”, ставете ја облеката во машината за перење и исперете ја маицата.

  1. Оцет

Навлажете ја дамката со оцет и оставете ја ткаенината да отстои преку ноќ. Утредента измијте ја облеката како и вообичаено. Овој метод може да помогне за облека во боја, како и волна и други природни ткаенини.

Сепак, подобро е да не се нанесува оцет на бели алишта бидејќи може да станат жолтеникави.

  1. Сјај за садови

Сјајот за миење садови може да отстрани многу тврдокорни дамки, вклучувајќи и траги од дезодоранс. Ставете малку сјај на дамката, протријте и оставете да делува 30 минути. Потоа исплакнете ја облеката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi