Астролозите откриваат: Ова се НАЈСРЕЌНИ денови во октомври, искористете ги за она што сте го САКАЛЕ долго време

29 септември, 20220
Numerologija-2048x1491

Еве какви околности ве очекуваат

Октомври е месец на големи промени, според астролозите и нумеролозите, па затоа треба добро да се подготвите.

Само четири дена во овој важен месец ќе бидат најсреќни и ќе носат со себе посебна енергија, поради што треба да се потрудите да ги искористите во целост.

Најсреќните денови во октомври 2022 година се:

2-ри октомври

Меркур излегува од ретроградната фаза и тргнува директно – Конечно, сите тешкотии предизвикани од долгиот период на ретроградно движење на Меркур завршуваат. Се соочивме со дезинформации, неисправности, грешки, но од 2-ри октомври ова влијание полека згаснува. Вистина е дека сепак ќе бидеме под влијание на постретроградната сенка, но комуникацијата веќе ќе биде значително подобра. Ова е најдобриот ден во месецот да си поставите цели за иднината и да ги направите првите чекори кон нивна реализација.

8-ми октомври

Плутон излегува од ретроградната состојба – Од овој ден ќе имаме можност да ги прошириме нашите лични можности, внимавајќи како се мотивираме, откривајќи што треба да направиме за да го постигнеме она кон што се стремиме.

Време е да станете свесни за тоа што ве спречува да растете и напредувате. Кога ќе се соочите со вашите стравови и комплекси и ќе одлучите да се промените, ќе сфатите дека имате многу повеќе моќ за оваа трансформација отколку што сте мислеле.

17-ти октомври

Последна четвртина од Месечината во Рак, Сонцето во Вага во тригон со Марс во Близнаци – шестото сетило продолжува да нè поддржува во разбирањето и на сопствените мисли и чувства, како и на чувствата на саканите, па затоа вреди да се искористи ова време за усогласување на односите и решавање на долготрајните конфликти. Вешто се справувате со соговорникот и знаете да го претставите своето гледиште без страв од мислењата на другите. Положбата на Сонцето во однос на Марс укажува дека овој ден е идеален за сите нови почетоци и одлучувачки чекори во сите области од животот.

21-ви октомври

Месечината во Девица во тригон со Уран во Бик – Овој аспект ни помага да се чувствуваме удобно во сопствената кожа, да бидеме токму тоа што сме. Ја негуваме нашата различност и автентичност и покрај мислењето на средина што не се совпаѓа со нашето. На овој ден нема да имаме проблеми да стекнеме нови пријатели, партнер и истомисленици, бидејќи самодовербата ќе не задоволи и нас и оние околу нас. Многумина ќе бидат во искушение да направат нешто импулсивно, да ризикуваат, но наместо да паднат, има големи шанси за успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi