Бразилскиот орев е најбогат со минералот кој ни овозможува добро да спиеме

29 септември, 20220
brazil-nuts-g460e309af1920-830x0

Популарната закуска содржи висок процент на селен, минерал кој е многу важен за добар сон

Голем процент од луѓето се борат со лош сон во одреден момент од нивниот живот.

Ако лошиот сон продолжи подолг временски период, тоа може негативно да влијае на нашите секојдневни активности, како и на нашето здравје.

И додека повеќето несоници се поврзани со лошото ментално здравје, понекогаш причината за лошиот сон е недостатокот на селен во телото.

Експертот за добар сон Мари Грејс Тејлор за „Експрес“ објасни дека проблемот со сонот може да се должи на недостигот на некои минерали во телото, но и на последиците од психичката состојба.

– Веројатно знаете дека треба да избегнувате кофеин неколку часа пред спиење, но одредени намирници можат да ви помогнат да спиете подобро. Се препорачува секој ден да консумирате бразилски орев, кој е најдобар природен извор на селен, кој генерално им недостига на луѓето со недоволно сон – советува таа.

Бразилските ореви исто така содржат минерали како фосфор и магнезиум.

Сепак, бидете внимателни со внесот на селен бидејќи на човечкото тело не му се потребни прекумерни количини. На просечен возрасен човек му требаат околу 55 микрограми дневно.

Освен што помага за спиење, селенот има и други здравствени својства како што се подобрување на метаболизмот на тироидните хормони и заштита на телото од инфекции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *