Дали знаете што е „ВАНИЛА СЕКС“? Има причина зошто се повеќе парови го практикуваат

24 мај, 20220
959074693624199b9a60cf022046811_640

Дали некогаш сте слушнале за терминот „ванила секс“? Во последно време, овој тип на однос е се попопуларен, а тоа е всушност сосема обичен, конвенционален секс, кој исклучува секаков облик на садо-мазохизам, ропство, доминација, послушност и слично.

Според порталот „Pure Wow“, овој тип на однос извесно време бил запоставен поради „откачениот“ секс, кој на луѓето им стана особено интересен по објавувањето на книгата и филмот „Fifty Shades of Grey“. Се чини дека на паровите им здодеало да експериментираат, бидејќи, како што тврди порталот, се повеќе од нив се враќаат на класичната мисионерска поза и едноставните достигнувања на задоволство. Така, доколку немате фиока полна со секс играчки, вашиот сексуален живот може да се окарактеризира како „ванила“.

Зошто овој тип на секс е на лош глас?

Некои луѓе, поборници на „откачен“ секс, го сметаат типот на ванила секс досаден и монотон, но сигурноста што ја дава, како и отсуството на можни изненадувања, сè уште се сметаат за најпопуларни вредности за време на водењето љубов.

Сексуалниот терапевт Росара Ториси смета дека ванила сексот трпи предрасуди бидејќи „откачениот секс“ станал поприфатлив во поп културата.

„Точно е дека на оние луѓе кои сакаат предизвици овој секс ќе им биде здодевен. Сето тоа е субјективно. Ако некој вели дека мирниот секс е лош, тоа е затоа што не му одговара на неговиот карактер“, заклучила таа, пренесува „index.hr“.

Што ако ванила сексот не е за вас?

„Ако не ви причинува задоволство, зошто да продолжите да го правите тоа?“, прашува Ториси. Секој има различни преференции.

Така, без разлика дали ќе се одлучите за „откачен“ или „ванила“ секс или нешто измеѓу, Ториси нагласува дека најважно е да препознаете што сакате и да комуницирате за тоа со партнерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi