Дали седмата година навистина е НАЈКРИТИЧНАТА за врската? Што можете да направите?
Дали седумгодишното ограничување ги загрозува односите на паровите? Се верува дека по седум години поминати со партнерот почнуваме да проценуваме сè, дали нашата врска функционира, колку сме посветени на врската и дали сме генерално задоволни.
На почетокот се е убаво, па затоа почетната фаза од врската се нарекува „меден месец“. Оваа фаза од меден месец се карактеризира со високо задоволство од врската. Паровите уживаат во меѓусебната љубов, радоста…
Што се случува тогаш? Паровите кои почнале да живеат заедно, почнуваат преговори за домашните работи и обврски. Се трудиме да ги балансираме работата и приватниот живот. Овој процес не е толку лесен.
Разговарајте еден со друг
– Комуникацијата е почетна точка кога луѓето чувствуваат дека нивната врска со текот на времето опаѓа – и колку побрзо, толку подобро – објаснува Нес Купер за Метро.
Нес предлага да смислите нови рутини и ритуали кои ќе ви помогнат да се поврзете. Можеби ќе биде потребно извесно време за да се навикнете на новите рутини, но тие би можеле да помогнат.