Ед Ширан доби повеќе од милион евра отштета: Го тужеа за плагијат, а сега мора да платат

23 јуни, 20220
ed-sheeran-1-830x0

Британскиот пејач Ед Ширан беше на судење со Сами Чокри, попознат како Сами Свич, како и со неговиот музички продуцент Рос Одоног, под обвинение дека песната „Shape of You“ е плагијат.

Имено, тие двајца тврдеа дека песната на Ширан „Shape of you“ е плагијат, и дека премногу потсетува на нивната „Oh why“ од 2015 година.

Пејачот ја доби тужбата во април, но вчера Врховниот суд пресуди во корист на Ед, тврдејќи дека песната не е плагијат и дека мора да му се плати голема такса.

Во дополнителната пресуда судијата донел одлука дека тужителите мора да ги платат судските трошоци на Ширан, во износ од 916 илјади фунти, што е повеќе од еден милион евра.

Оваа песна беше најпродавана песна во Обединетото Кралство во 2017 година, а на платформата „Spotify“ има најмногу стримови од сите други песни. Ед и неговиот продуцент Стив МекКачон од оваа песна заработуваа дури пет милиони фунти годишно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi