За секој тип на кожа: Рецепт за природни маски за лице

24 мај, 20220
Screenshot_10

Маските за лице направени од здрави состојки не само што длабински ќе ја исчистат вашата кожа, туку и ќе го забават нејзиното стареење. Сепак, не треба да заборавите пред нивното нанесување да ја подготвите кожата.

 

Направете чај од камилица и напарете го лицето. На овој начин ќе ги отворите порите и ќе ја подобрите апсорпцијата на состојките од маската. Затоа направете маска која ќе одговара на вашиот тип кожа, нанесете ја на лицето, пуштете лабава музика и уживајте во овој куќен ритуал.

 

За нормална кожа

Измешајте една лажица јогурт и лажица мед, а потоа додадете неколку капки етерично масло од ружа. Мешајте ги состојките додека не добиете кремаста смеса. Потоа, со лесно движење нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува околу 15 минути. На крај измијте го лицето со млака вода. Кожата ќе ви биде совршено хидрирана.

 

За сува кожа

Маската направена од масло од една лажичка мелени пченични никулци и две лажички маслиново масло е совршена за негување на овој тип кожа. Нанесете ја рамномерно на лицето, оставете ја да делува 20 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.

 

За мрсна кожа

Тиквата е идеална за проблематична и мрсна кожа. Направете маска од две лажици пире од тиква, која претходно ќе ја сварите на пареа, две лажици мед и пола лажица ладно млеко. Во смесата додадете и неколку капки сок од свежи јаболки. Овој „производ“ од вашата кујна е идеален за чистење и стеснување на порите.

 

За комбинирана кожа

Помешајте лажица јогурт и лажица масло од јојоба, па во оваа смеса додадете неколку капи етерично масло од лаванда. Со нежни движења нанесете ја на лицето и после 15 минути измијте ја маската со млака вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi