Зошто мажите сакаат да ја чуваат врската во тајност? Не е како што мислите, има најмалку три добри причини за тоа

11 мај, 20220
Screenshot_5

Сигурно имате пример во вашето опкружување за некој кој извесно време ја чувал врската во тајност. А можеби и самите сте го направиле тоа еднаш. Можеби тоа го сакал вашиот партнер.

 

 

 

Тој не сака вашите заеднички пријатели да знаат за новата врска

 

Иако звучи прилично грдо кога некој ќе помисли да сокрие врска од пријател, можеби зад тоа се крие факт дека тој не сака да го вознемирува туѓото мислење. Во суштина, тој сака да избегне многу прашања и првични задевања кога се во прашање заедничките пријатели. Најдоброто нешто што можете да го направите во оваа ситуација е да бидете трпеливи. Значи, ако првично сте биле пријатели, а потоа сте станале пар, постои голема веројатност дека тој едноставно ќе се грижи за тоа како тоа ќе влијае на односите во вашата група пријатели. И затоа, само полека и трпеливо.

 

Тој е загрижен за неговото семејство и нивниот поглед на вашата врска

 

Доколку семејството на вашиот партнер е конзервативно и има строги ставови за личноста со која треба да биде нивниот син, големи се шансите тој да почека малку пред да ја објави и претстави новата девојка. Она што е клучно во оваа ситуација е комуникацијата. Обидете се заедно да дојдете до решение и да ги разберете визиите на неговите родители, сѐ со цел да го пронајдете најдобриот можен начин да им се доближите.

 

Врската ја смета за „поинтересна“ кога е тајна

 

Верувале или не, на многу мажи им е интересира самата помисла на тајна врска, па понекогаш одлучуваат да ја остварат својата фантазија. Барем на почетокот. Се разбира, ова е во ред се додека разбирате што значи за него и додека се согласувате со тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *