Искреноста може скапо да ве чини: 5 ситуации во кои не смеете да му кажете дека сте заљубени во него

29 ноември, 20220
Ljubavni-par1

Размислете добро пред да признаете што навистина чувствувате

Иако искреноста е секогаш пожелна кога станува збор за љубовта, постојат ситуации во кои е потребно добро да размислите пред да му дадете на некој до знаење како се чувствувате за него.

Експертите издвојуваат пет ситуации во кои е подобро да ги премолчите вашите вистински чувства.

Ако се работи за некој кој е веќе во врска

Колку и да ви се допаѓа некој, не се мешајте самоиницијативно во врската, туку почекајте да се расчисти ситуацијата и од двете страни.

На поранешното момче на вашата пријателка

Дали е навистина потребно да се впуштите во нешто со поранешното момче на вашата пријателка? Иако можеби ќе каже дека не и е грижа, големи се шансите дека ова сепак ќе го оштети вашето пријателство.

Момче кое јасно ви кажало дека ве гледа како пријателка

Можеби сте му драга, но како пријателка и тоа е тоа. Нема потреба да се обидувате да го промените мислењето или да развиете некоја бајка во вашата глава. Со него нема да имате повеќе од пријателство.

Пријател со кој се дружите со години, уште од детството

Ова е меч со две острици. Познато е дека вистинската и голема љубов може да се развие од долгогодишно пријателство, но подобро е прво да го испитате теренот и да видите дали тој го има истиот афинитет кон вас.

На најдобриот пријател на вашето поранешно момче

Пријателите на вашето поранешно момче, особено неговиот најдобар пријател, се забрането овошје. Ова е ситуација слична на поранешниот на вашата другарка. Значи, само заобиколете го.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi